88
Калишкиот манастирски комплекс се состои од четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики, како и две цркви посветени на мајката Божја и светите апостоли Петар и Павле. Ова манастирско место е познато по чудотворната икона на Богородица во црно, која се верува дека исцелува од сите неизлечиви болести, а и дава надеж на оние кои не можат да имаат деца. Домаќинот Наќе Парталов живее во манастирот веќе десет години и за тоа пренесе Канал 5.