116
Францускиот претседател Емануел Макрон, по дебаклот во првиот круг од вонредните парламентарни избори, ги повика гласачите да се соберат зад „републиканските и демократски“ кандидати во вториот круг, што ќе се одржи следната недела, поточно на 7 јули.Макрон го поздрави и големиот одѕив на гласачите во денешниот прв круг. Според првите прелиминарни резултати, на вонредните парламентарни избори во Франција предничи „Националниот собир“ (РН) на Марин Ле Пен со 34,2 отсто, „Новиот народен фронт“ е втор со 29,1 отсто, додека партијата „Преродба“ на Макрон е трета со 21,5 отсто од гласовите, пренесува локалниот портал „Фигаро
Може да ве интересира и...
- Аналитичари: Бугарите уморни од гласање се соочуваат со седми избори во три години
- Шпанија и пет земји од Латинска Америка со обединета изјава против обидите за контрола врз Венецуела
- Најмалку 14 загинати во циклон на француската прекуморска територија Мајот
- Костадиновска-Стојчевска од Белград: Преку концертот на Мехта со Белградска филхармонија, градиме пријателство во Отворен Балкан Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, синоќа на покана на потпретседателката на српската Влада и министерка за култура, Маја Гојковиќ присуствуваше на свечениот гала концерт со кој Белградската филхармонија, под диригентвсо на маестро Зубин Мехта, ја одбележува 100 годишнината од своето постоење. Настанот е во рамките на Иницијативата Отворен Балкан, и овој ексклузивен концерт ќе биде изведен и во Тирана и во Скопје. На овој редок, свечен настан, министерката Костадиновска-Стојчевска изјави:„Отворениот Балкан е добра вест за културата. Балканот отсекогаш бил отворен за уметниците, а нашата цел е да ги отстраниме бариерите од каков било вид. Културата го додава неопходното чувство на пријателство и искреност на секој договор и секоја иницијатива за соработка. Им ја честитам годишнината на белградските симфоничари и посакувам многу здравје на маестро Мехта, кој е силен поддржувач на Иницијативата Отворен Балкан. Нашата соработка во културата е доказ за силата на нашето заедничко наследство и меѓусебно почитување.” Министерките за култура на Србија и на Северна Македонија, Гојковиќ и Костадиновска-Стојчевска го продолжуваат дијалогот за важноста на Иницијативата Отворен Балкан и за моќта на уметноста во креирањето на дијалогот и аспектите на културната соработка во регионот, преку денешните активности и посета на институции од културата во Белград.