Почетна МакедонијаМакрон: ЕУ прво да се реформира во „унија со различни брзини“, па потоа да прима нови членки

Макрон: ЕУ прво да се реформира во „унија со различни брзини“, па потоа да прима нови членки

од nenad
1 минути читај за




Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Европската унија прво би требало да се реформира во „унија со различни брзини“, пред да се проширува.
-Ризик е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформа. Можам да посведочам дека доволно е тешко за Европа да напредува на чувствителните теми со 27 членки. Со 32 или 35 членки, нема да биде полесно, кажа Макрон на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.Додаде дека е потребна храброст да прифатат поголема интеграција во некои области и можеби дури и Европа со различни брзини. Не објасни што подразбира под Европа со различни брзини.