101
Компанијата која го градеше Олимпиското село на церемонијата на која ќе присуствува Макрон официјално ќе ги предаде клучевите на Организацискиот комитет на Олимписките игри 2024 во Париз.Олимпиското село официјално ќе биде отворено во јули пред почетокот на Олимписките и Параолимписките игри.
Олимпиското село е лоцирано во предградие на Париз во близина на реката Сена и е најголем проект на Организацискиот комитет, со 2.800 станбени единици или околу 14.250 кревети.За изградена на Олимпиското село беа ангажирани околу 4.000 работници.Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.