Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден”-Тирана. Ова е прв но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од свесни дека обединувањето е од суштинско значење. Уште повеќе кога се знае дека македонско друштвото ” Илинден” дава голем придонес во заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик, култура, традиции, рече за МИА, Едмонд Темелко, прв човек на друштвото.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана е едно од четирите македонски друштва во Албанија.
Сппоред Темелко, Ѓурѓај, кој е и главен и одговорен уредник на весникот Македонски весник ” Илинден” на друштвото ” Преспа” му донирал примероци од изданијата на весникот.

Потсетува дека прогласат го упатиле “соочени со агресијата на бугарскaтa асимилација на Македонците во Албанија и свесни за последиците од антимакедонизмот на Софија во Албанија“.
Да повторам дека со прогласот повикуваме на семакедонско помирување и обединување за одбрана на идентитетот на македонскиот народ – името, јазикот, културата, историјата и територијата, затоа што обединети и единствени сме посилни од сечија агресија и обиди за денационализација и асимилација, вели тој.
Посочува дека меѓу другото се бара одржување вонреден изборен конгрес на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за сите органи на сите нивоа, заради кадровска консолидација и единство.
Исто така се изразува подготвеност сами да организираат неформален попис на Македонците во Албанија, поради „недовербата во Институтот за статистика на Албанија“.
Post Views:
72
Извор : vesnik-ilinden.com