Почетна СветМакедонското друштво „Сонце“ ќе биде домаќин на следното Генерално собрание на НПЛД, кое ќе се одржи во 2027 година

Македонското друштво „Сонце“ ќе биде домаќин на следното Генерално собрание на НПЛД, кое ќе се одржи во 2027 година

од nenad
1 минути читај за

Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД), денеска на Генералното собрание во Стокхолм, Шведска, го прифати предлогот на Македонското друштво „Сонце“ следното Генерално собрание на НПЛД во 2027 година да се организира во Албанија, во соработка со нашето друштво.

Пред делегатите на Генералното собрание имав чест да го претставам предлогот ова значајно европско собрание да се одржи во Албанија, а предлогот беше едногласно прифатен. Ова претставува историски и значаен момент за Македонците во Албанија.

Над 100 учесници од цела Европа, експерти од Советот на Европа, Европската комисија, универзитети и организации на малцинствата, како и високи претставници на регионални власти и институции одговорни за политиките за регионални и малцински јазици, ќе дојдат во Албанија и директно ќе се запознаат со положбата, предизвиците и правата на Македонците во Албанија.

Ова е голем успех за македонската заедница, бидејќи прашањето за положбата на Македонците во Албанија го издигнуваме на европско ниво. Со ова, нашиот глас станува дел од европските институции и политики за заштита на малцинските права и јазичната разновидност.

Искрено ѝ благодариме на НПЛД за довербата и поддршката. Македонското друштво „Сонце“ во 2024 година стана членка на оваа престижна меѓународна мрежа, со седиште во Брисел, во која членуваат автономни региони, универзитети и организации на малцинствата од цела Европа. За краток период успеавме да станеме доверлив и почитуван партнер во ова европско семејство.

Голема благодарност упатуваме и до Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто, кое нè поддржува и ја покрива членарината на Македонското друштво „Сонце“ во оваа престижна мрежа за малцински права.

Продолжуваме достоинствено, европски и обединето, за правата, идентитетот и иднината на Македонците во Албанија!

Извор : vesnik-ilinden.com

Македонското друштво „Сонце“ ќе биде домаќин на следното Генерално собрание на НПЛД, кое ќе се одржи во 2027 година