Почетна БалканМакедонскиот амбасадор во Јапонија повлече поради сексуално вознемирување!

Македонскиот амбасадор во Јапонија повлече поради сексуално вознемирување!

од nenad
1 минути читај за
t

Владата го отповика амбасадорот во Јапонија, Горан Цеков. За причината за неговото отповикување од амбасадорската функција во Токио, од Кабинетот на претседателот од каде ја потврдија информацијата упатуваат на Министерството за надворешни од каде засега нема детали. Сепак според она што се наведува во медиумите, одлуката е поради поплаки за вознемирување од вработена во амбасадата и јапонска државјанка која соработувала на проекти со амбасадата за сексуално вознемирување.

„Амбасадорот Горан Цеков е отповикан од функцијата амбасадор во Јапонија, акредитиран и за Република Кореа, на барање на Владата на РС Македонија, а согласно Законот за надворешни работи. Во однос на поведената процедура за неговото предвремено отповикување, како и причините за истата, ве упатуваме за повеќе детали да се обратите во Министерството за надворешни работи.

Иако Од МНР засега нема дополнителни информации, токму за случајот со амбасадорот Цеков, збор стана и неодамна на собраниската комисија за надворешни работи.

„Повеќе од 10 месеци во амбасадата се стигнати две сериозни претставки од две жени, едната вработена во амбасадата во Токио, а другата јапонска државјанка којашто имала повремени проекти со македонската амбасада во Токио. Двете поплаки се однесуваат на понижување и непристојно однесување од страна на амбасадорот. Непрофесионално однесување кон македонската државјанка која што е дипломат, а од јапонската државјанка за жал обвинувањата одат до таа насока за сексуално вознемирување, и истите очекуваат ова да се разреши на соодветен начин со голема сериозност.

Функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Јапонија, Горан Цеков ја презеде во јули 2021 како втор македонски амбасадор таму. Претходно бил во неколку наврати на служба во Мисијата на НАТО во Брисел а беше и во македонската амбасада во Норвешка од 2010 до 2014.