Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денес го пречека министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој е во официјална посета на Македонија.
Денеска заедно со министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој е во официјална посета на Министерството за одбрана, разговаравме за значењето на безбедноста, мирот и стабилноста за нашите граѓани, нашите земји и целиот регион.
Го зајакнуваме партнерството и довербата во областа на одбраната, вклучително и преку учеството на питомци од Босна и Херцеговина во нашата Воена академија.
Соработката што ја градиме покажува дека отворениот дијалог и заедничките иницијативи се клуч за сигурна и мирна иднина за граѓаните на двете земји, пишува во својата објава на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.
Средба Мисајловски – Хелез: Го зајакнуваме партнерството и довербата во областа на одбраната
Post Views: 6