Почетна ЕкономијаМакедонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

од nenad
1 минути читај за




Во рок од 9 месеци ќе се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу државите  -Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен.

Македонското министерство за енергетика, рударство и минерални суровини денеска склучи меморандум за соработка со Министерството за рударство и енергетика на Република Србија, со кој се предвидува испитување на можноста за развој на нова директна врска меѓу двата системи за гас. Во рок од 9 месеци ќе се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијание на проектот врз животната и социјалната средина за новата гасна интерконекција помеѓу државите.

Гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија е означен како Водечки проект за енергетиски мрежи во рамки на ЕУСАИР (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region) со што ќе се обезбеди сигурност во снабдувањето за регионот на Југоисточна Европа и ЕУ по пат на имплементација на проектите од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот гасен прстен, прекудиверзификација на рутите и изворите за снабдување со гас. Земјава со изградба на интерконектор гасно ќе се поврзе и со Грција, а со тоа и со Јужниот гасен коридор, преку кој гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар.

Пишува: Сања Наумовска МЕТА.МК