87
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 (0-0) против големиот фаворит Италија, во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.Во дуелот на Градскиот стадион во Скопје поведоа Италијанците со голот на Имобиле на почетокот на второто полувреме, а израмнувачкиот гол го посстигна Енис Барди со мајсторски шут од слободен удар во 81 минута. По двата порази во низа од Украина и Англија, Македонија останува на четврта позиција на табелата со 4 бода, исто колку што има Италија, но со меч помалку. Украина е втора со 7, а Англија лидер со 13 бодови.