Почетна СветМакедонија: Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Македонија: Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

од nenad
1 минути читај за

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

Република Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 – јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.

На состанокот се разменија мислења за актуелните прашања од интерес за Регионот и нивното влијание врз регионалната соработка, Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија и влијанието на моменталната геополитичка ситуација на евроинтегративниот процес, за поддршката на европската интеграција и одржливиот развој преку соработка помеѓу учесниците во Процесот, како и за тековните активности на претседавањето на Македонија со оваа иницијатива.

Република Македонија е учесник во Процесот од самото негово формирање, а претседава по трет пат, по тие во 2000 – 2001 година и во  2012 – 2013 година.


Post Views:
30

Извор : vesnik-ilinden.com
https://vesnik-ilinden.com/makedonija-vtor-sostanok-na-politichki-direktori-vo-ramkite-na-pretsedavaneto-so-psjie/