Прочитајте го статусот од Констанс и размислете дали се согласувате со неа…
Тешко е да се основа семејство. Обајцата партнери треба да бидат посветени и да работат напорно. Тимската работа е од клучно значење. Можете да си замислите каков презир се јавува кога едниот од партнерите ќе почне да ги занемарува своите обврски! Другиот мора да го носи целиот товар и тоа не се одразува добро на врската. Австралиската блогерка и мајка на 4 деца, Констанс Хол, објавила статус на Фејсбук кој станал вирален.
Статусот предизвикал лавина од коментари, најчесто од жени, кои исто така биле фрустрирани поради неодговорното однесување на нивните сопрузи. Иако општествените очекувања за жените се менуваат, благодарение на борбата против сексуалното вознемирување и нерамноправноста, сепак се чини дека овие промени не се случуваат во домашни услови. Секако дека постојат исклучоци и дека многу жени се среќни и благодарни поради тоа што нивните сопрузи се одговорни и посветени.
Поврзани објави
Прочитајте го статусот од Констанс и размислете дали се согласувате со неа…
Неодамна, додека се жалев поради тоа што морам сѐ да правам сама по дома и многу од моите пријателки се согласија со мене, некој ми кажа „Ако сакаш помош, мораш да бидеш конкретна… побарај помош. На луѓето им требаат листи, тие не можат да читаат умови.“
Па, се обидов на тој начин, барав… конкретни работи…
„Можеш ли да го изнесеш ѓубрето?“
„Можеш ли да станеш со децата? Јас сум малку уморна откако го правам тоа сама веќе 329 години.“
„Можеш ли да одиш до продавница? Јас веќе 3 пат ја испразнив машината за перење, направив ручек, ги купив сите книги што им требаат на децата за на училиште, го исчистив базенот.“
И таа беше во право! Работите навистина беа завршени!
Но, јас бев исцрпена поради тоа што постојано давав заповеди, се обидував да запомнам што треба да побарам да се заврши, постојано досадував…
И знаете што се случи во моментот кога престанав да барам?
НИШТО.
Повторно истото.
И така дојдов до заклучок дека не е ваша работа да барате помош, не е моја работа да пишувам листи. Имаме премногу работа и не треба да подучуваме некого како да нѐ цени нас и нашата глупава работа.
Едноставно направете го тоа што треба да се направи!
Мислете еден на друг и на обврските во домот. Дали едниот од вас работи додека другиот си лежи со сите 4 во вис? Дали едниот од вас се дружи со пријателите додека другиот го лупи 30-тото парче овошје дента? Дали едниот од вас го носи целиот товар?
Кога досадувањето ќе престане, кога повикот за помош ќе згасне и кога нема да има повеќе листи, сѐ што ќе ви остане е тивок презир. А тоа, пријатели, е како рак на љубовните врски.
Не е ничија должност да учи некого како да биде внимателен. Тоа е ваша работа.
Едноставно измијте ги садовите без да биде побарано тоа од вас, барем одвреме-навреме!