Американскиот претседател Доналд Трамп лично даде зелено светло за новата варијанта на долго подготвуваниот закон за строги рестрикции против Русија, соопшти сенаторот Линдзи Греам, еден од ко-авторите на предлогот, пренесе Политико.
“Трамп ми рече дека е време за акција – и ние почнуваме”, изјави Греам пред новинарите во Сенатот.
Предложениот закон предвидува значителни давачки за државите кои увезуваат руска енергија, како и секундарни рестрикции за странски компании кои ја потпомагаат руската индустрија. Според новите клаузули, претседателот ќе има можност двапати да го одложи спроведувањето на рестрикциите по 180 дена – отстапка направена на инсистирање на Белата куќа со цел поголема прилагодливост.
Иако предлогот веќе подолг период ужива поддршка во Конгресот, републиканското водство не го стави на дневен ред за гласање без јасна индикација од Белата куќа. Тој сигнал, според се, конечно е добиен. Трамп веќе извесно време јавно демонстрира незадоволство од рускиот претседател Владимир Путин.
Вчера изјави дека “сериозно размислува” за законот, но потенцираше дека конечната одлука “во целост зависи од него”. “Тоа е целосно моја одлука – дали ќе се усвои или укине”, изјави Трамп. Иако претходно приватно искажувал сомневања во ефектите од рестрикциите, а минатиот месец ги оквалификуваше како “многу груби”, неговиот став очигледно претрпел промена.
Неговата се поизразена дистанца од Путин кулминираше со одбивањето на Москва да земе учество на мировните разговори во Истанбул, по што следуваа интензивирани руски напади врз Киев. “Не знам што му стана на Путин. Целосно полуде”, напиша Трамп на социјалните мрежи во мај.
Сенаторот Џон Тун најави дека наскоро ќе се објават детали за тоа кога предлогот ќе биде ставен на гласање, но потврди дека тоа нема да се случи оваа седмица. ссм/фото: архива. Извор: МИА