Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, го пречека унгарскиот амбасадор во Северна Македонија, Андраш Клајн, како и на дипломатскиот претставник Габор Радеши. На средбата се разговараше за можна соработка во иднина, особено во областа на културата, евроинтегративниот процес на земјава, како и можноста за соработка со унгарските општини. – Чест е што дипломатите од ова ниво имаат интерес и обѕир кон нашиот град. Решивме да развиеме интензивна соработка, особено во културата, меѓу нашиот град и Унгарија. Се е подобро со добри пријатели, рече Лимани.