Почетна МакедонијаЛејди Гага и Хоакин Феникс како Харли Квин и Џокерот заљубени во продолжението на „Joker“

Лејди Гага и Хоакин Феникс како Харли Квин и Џокерот заљубени во продолжението на „Joker“

од nenad
1 минути читај за




Хоакин Феникс повторно ќе влезе во улогата на Џокерот, а овојпат, нему ќе му се придружи Лејди Гага како Харли Квин.

   

На новите фотографии од продолжението „Joker: Folie à Deux“, 49-годишниот актер и 37-годишната актерка и пејачка танцуваат заедно и ја разгоруваат љубопитноста на фановите за дејствијата во новиот филмски проект.

Фотографиите од криминалната двојка ги објави режисерот Тод Филипс на Св. Валентин. „Се надеваме дека вашиот ден е исполнет со љубов“ – пишува во описот.

Снимањето на „Joker: Folie à Deux“ заврши во април 2023 година, а премиерата се очекува да биде во октомври оваа година.

Првиот дел „Joker“ доживеа огромен успех и Хоакин доби Оскар за Најдобар актер за фантастичното портретирање на Џокерот.