Синот на Брена, Виктор, на социјалните мрежи сподели прекрасни сцени од Тајланд…
Фолк ѕвездата Лепа Брена се опорави од повредата што ја доби кон средината на декември на концерт во Загреб, а сега отпатува со семејството на заслужен одмор.
Имено, таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ ги спакуваа куферите и отпатуваа за Тајланд, а на патувањето им се придружија и помалиот син Виктор и неговата девојка Софија.
Синот на Брена, Виктор, на социјалните мрежи сподели прекрасни сцени од Тајланд и покажа како тие уживаат во Пукет.
Тој најпрвин сподели неколку фотографии од плажа на кои може да се види како ужива со својата избраничка Софија, но можете да ја видите и неговата фигура која ја усовршил.
Поврзани објави
Потоа со родителите сподели фотографии направени на ова патување, на кои може да се види дека Брена никогаш не ја симнува насмевка од лицето.
Да потсетиме, најпрекрасната вест пристигна од семејството Живојиновиќ пред неколку дена. Имено, сопругата на најстариот син на Боба, Филип, Александра Пријовиќ е бремена, па оваа година во нивниот дом ќе дојде принова.
Фото: printskrin Youtube/AmiG Show
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: