Почетна Убавина и здравјеЛепа Брена откри дали пати за тоа што нема женски деца – Убавина и здравје

Лепа Брена откри дали пати за тоа што нема женски деца – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Во бракот со Боба Живојиновиќ, Лепа Брена ги доби двата сина Виктор и Стефан, а со нив живееше и Филип, синот на Боба од првиот брак.

Пејачката постојано зборува за пророштвото на познатата баба Ванѓа, која ѝ кажа дека ќе роди само машки деца.

По долги години работа со бенд во кој таа беше единствената жена, а потоа и семејниот живот во кој е опкружена со мажи, многумина сакаат да знаат дали ѝ недостасува женско друштво и дали жали што нема ќерка.


Поврзани објави

„Не ми е жал… Кога имаш машки деца… би ми било жал да ги немам, затоа што се мои, затоа што ги сакам. Кога мајка си ги сака децата, тоа е смислата на животот и вечната љубов, а бидејќи ја немам видено ќерка ми, едноставно не знам каква е (се смее). Немам за што да жалам“.

Од друга страна, пејачката се труди да негува добар однос со избраниците на синовите, а познато е дека е голем поддржувач на Александра Пријовиќ, сопругата на Филип Живојиновиќ.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/lepabrenaa/?hl=en