Почетна ТехнологијаЛео Меси: Нема сомнеж, Реал Мадрид е најдобар во светот

Лео Меси: Нема сомнеж, Реал Мадрид е најдобар во светот

од nenad
1 минути читај за

Тој при последното интервју откри дека се уште внимателно следи што се случува во Европа.

   

Легендарниот Аргентинец се приклучи на подготовките на својата репрезентација во Мајами пред почетокот на новото издание на Копа Америка каде „гаучосите“ ја бранат титулата. Неговите зборови непријатно ќе изненадат многу фанови на каталонскиот клуб.

– Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот и актуелен освојувач на Лигата на шампионите. Ако ги гледаме само резултатите, тогаш Реал без сомнение е најдобар. Сепак, ако гледаме на нивото и квалитетот на играта, тогаш за мене Манчестер Сити е најдобар – изјави Меси.

Во аргентинската репрезентација очигледно владее многу добра атмосфера, па легендарниот играч беше расположен за шега.– Како се вика групата каде што разменуваме пораки? Не се сеќавам, чекај да погледнам. Ах да, името на групата е „светски шампиони“. Паредес ја создаде и тој е админ на групата – изјави Меси.