Почетна ЕкономијаЛекарите во Полска отстраниле циста на јајници тешка сто килограми

Лекарите во Полска отстраниле циста на јајници тешка сто килограми

од nenad
3 минути читај за

Присилното пренесување на украински деца во Русија од страна на Москва претставува геноцид, заклучи Советот на Европа во четвртокот во резолуцијата усвоена од неговото парламентарно собрание, пренесува „Еурактив“.

Барајќи безбедно враќање на децата во Украина, ПССЕ истакна дека „документираните докази за оваа практика се совпаѓаат со меѓународната дефиниција за геноцид“.

Конвенцијата за геноцид од 1948 година, меѓу нејзините дефинирачки критериуми, го опфаќа и принудното преселување деца.

Резолуцијата во СЕ беше изгласана со 87 гласови „за“, еден „против“ и еден „воздржан“. Линда Хофштад Хелеланд од норвешката ЕПП гласала против, додека Харалд Вејел од германакат АфД бил воздржан.

Киев во средината на април алармираше дека, од почетокот на руската инвазија на 24 февруари минатата година, повеќе од 19.000 украински деца биле „киднапирани“ и однесени во Русија. Се вели дека многу од нив биле сместени во згрижувачки домови.

Во резолуцијата на СЕ од четвртокот се вели дека постојат докази оти „депортираните деца се соочиле со процес на ‘русификација’ преку превоспитување на руски јазик, култура и историја“.

„Овие трансфери на украинските деца биле јасно планирани и организирани на системски начин како државна политика со цел да се уништи секоја врска и карактеристика на нивниот украински идентитет,“ се вели во резолуцијата.

ПССЕ ги повика Обединетите Нации и Црвениот крст да издејствуваат пристап за да можат да соберат информации за засегнатите деца.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави резолуцијата како важна одлука што ќе помогне да се бара одговорност од Русија и нејзините лидери.

„Депортацијата на украинските деца е еден елемент од обидот на Русија да го избрише идентитетот на нашиот народ, да ја уништи самата суштина на украинскиот народ“, истакна Зеленски во вечерното обраќање.

На 17 март, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи ја како причина незаконската депортација на деца. Судот со седиште во издаде и потерница по Марија Лвова-Белова, рускиот претседателски комесар за правата на децата.

МКС го обвини Путин и за воени злосторства извршени во Украина.

Москва, од своја страна, го оправдува префрлањето на украинските деца во Русија како хуманитарна кампања за заштита на сираците и децата напуштени во воената зона иако во резолуцијата се истакнува дека Москва почнала со незаконската практика од сиропиталиштата и центрите за грижа уште пред инвазијата.

Децата што живееле под институционализирана грижа биле депортирани со правдување за евакуација од областите зафатени од војна. Други деца, пак, биле одвоени од своите семејства во филтрациони кампови.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна минатиот месец дека налозите на МКС се бесмислени бидејќи Русија не соработува со судот.

По инвазијата на Украина, Русија го избегна и исфрлањео од Советот на Европа најавувајќи дека повеќе нема да учествува неговата работ, неколку дена откако паневропското тело за човекови права ги суспендираше правата на застапување на Москва.