Почетна БалканЛГБТ лицата во сабота ќе парадираат низ Скопје – настап ќе има и Тамара Тодевска

ЛГБТ лицата во сабота ќе парадираат низ Скопје – настап ќе има и Тамара Тодевска

од nenad
1 минути читај за
t

Претстојнава сабота (24 јуни) во Скопје ќе се одржи „Скопје Прајд 2023“ под мотото „Гласни и горди“.

Парадата започнува во 17:00 часот со собирање на учесниците во паркот Жена-борец до 19:00 часот, а по обраќањата на активст(к)и и претставници на заедницата, следува маршот низ скопските улици којшто ќе биде придружен со DJ сетови.

– Скопје Прајд 2023 ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од регионот и земјата и DJ сетови. Културно-забавната програма ќе се одржи на Стадиниот на АРМ и ќе започне од 20:30, а ќе трае до 01:00, велат организаторите кои го најавија настапот на Тамара Тодевска во сабота.