Почетна Македонија Лазар Ристовски (71) на Малдиви со 39 години помладата девојка: „Тој ме води, јас не прашувам каде“

Лазар Ристовски (71) на Малдиви со 39 години помладата девојка: „Тој ме води, јас не прашувам каде“

од nenad
2 минути читај за




„Секојпат кога ќе седнам на овој песок си помислувам дека вредеше“ – вели 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски, Аница Лазиќ, во описот до фотките од Малдиви, каде парот е на егзотично патување.Популарниот српски актер Лазар Ристовски кој од октомври минатата година е во врска со 32-годишната Аница Лазиќ деновиве е на егзотично патување со неа на Малдиви.

Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која заедно позираат држејќи се за рака и уживаат на рајската дестинација.Аница е насмеана и во бело монокини, а до фотката накратко напиша:„Кога тој ме води, јас не прашувам каде“.

   

Претходно Аница откри дека иако до рајската дестинација патувале 18 часа со 2 авиона и 1 хидроавион, но штом ќе седне на белиот песок, си помислува дека „вредело“.

Неодамна Аница отворено зборуваше за врската со актерот, па во изјава за српските медиуми рече:„Јас не сонував премногу за венчавка кога бев девојче, ниту денес тоа не ми е многу важно. Јас на тоа повеќе гледам како на форма, а поважна ми е суштината.
Нам жените ни е убаво да носиме венчаници. Не страдам за тоа да се омажам, поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, фала му на Бога“.

За потсетување, Лазар Ристовски во 2022-ра година се разведе по 4 децении брак, а речиси сите беа затекнати кога објави дека е во врска со младата актерка со која заедно работеше на серијата „Дрим тим“.

Прочитајте и Не била родена кога Лазар Ристовски (70) се оженил, но мајка ѝ не се противи на врската: Која е 39 години помладата девојка на актерот?



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING