Почетна ВестиКУРТИ НЕ САКА ДА ИЗГОВОРИ ДВЕ ЗБОРЧИЊА Брнабиќ смета дека разговорите во Берлин ќе бидат тешки

КУРТИ НЕ САКА ДА ИЗГОВОРИ ДВЕ ЗБОРЧИЊА Брнабиќ смета дека разговорите во Берлин ќе бидат тешки

од nenad
1 минути читај за




Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград.

   

– Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор – изјави Брнабиќ за РТС.

Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација.

Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО.

– Благодарност до претседателот Вучиќ што презеде на себе да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да може да се занимава со други работи – изјави српската премиерка.

Таа оцени дека мирот и стабилноста им одговараат на луѓето во Србија, затоа што им овозможуваат да имаат просперитет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера по средбата на лидерите на Процесот Брдо-Бриони во Скопје изјави да состаноците меѓу Белград и Приштина во рамки на Бриселскиот дијалог во четврток ќе бидат тешки и да ништо не очекува од нив.