Почетна МакедонијаКурти: Во северно Косово нема да има нова ескалација, освен ако Србија не поттикне насилство

Курти: Во северно Косово нема да има нова ескалација, освен ако Србија не поттикне насилство

од nenad
1 минути читај за
Во денешното обраќање на седницата на Владата, Курти рече дека поминаа два месеци откако на косовскиот север е регистриран последниот инцидент и уште повеќе време од насилните протести во таа област населена со мнозинско српско население.

– Деескалацијата во четирите северни општини практично веќе се случи, додека во меѓувреме Косово го почитува договорот од Братислава, рече Курти.Курти ги информриа членовите на владиниот кабинет и за учеството на неформалната вечера на лидерите не Западен Балкан и Европската Унија, што во понеделникот се одржа во Атина, како и за неговите билатерални средби таму.

   

– На заедничката вечера јас нагласив дека зачленувањето на Косово во ЕУ е без алтернатива, дека сите држави кои се аспирантки за членство во ЕУ треба да ја спроведуваат демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и добрососедството и дека за демократско и европско добрососедство е неопходно меѓусебно де јуре и де факто признавање и почитување на малцинските права на симетричен начин и според европските конвенции, изјави Курти.