72
Цените на становите во Скопје вртоглаво пораснаа во изминатиот период, но не поскапеа само нивните квадрати. Изминативе години, наголемо се печали и со продажба на гаражни и паркинг места, чии цени одат и над 10 илјади евра во зависност од локацијата. Но продажбата не е единствен бизнис за сопствениците на паркинг местата. Сега најнов тренд е изнајмување паркинг место или гаража на месечно ниво под наем. Цената оди и до стотина евра.