Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија регионот во изминатите денови, во езерото „Калиманци“ дотекува големо количество вода и постои опасност од прелевање, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Вонредна информација РЦУК Штип известува дека последните мерења на нивото на брана Калиманци, во 21:00ч добиени се следните податоци. Моментална кота 514,94мнв, доток 25м3/с, испуст 18м3/с. Согласно мерењата од Водостопанство Брегалница не очекуваат во текот на ноќта да дојде до прелив на браната.
Кога ќе добиеме други информации ќе известиме повторно, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
https://www.facebook.com/watch/?v=180412981668666&t=0
.