Модната дизајнерка Кристина Беквалац отворено зборува за своите естетски зафати и искуствата од нив.
Модната дизајнерка Кристина Беквалац без задршка зборува за својот изглед и естетските интервенции што ги направила низ годините. Таа откри дека првиот зафат го имала на само 22 години, а со текот на времето направила неколку корекции кои ѝ помогнале да се чувствува подобро во своја кожа.
Првата операција на гради ја направив на 23 години“, вели Кристина.
Додава дека по раѓањето на нејзините две деца, изгледот на градите се сменил, па одлучила да направи уште еден зафат.
Целиот процес ми беше познат, болките беа минимални, а заздравувањето брзо“, сподели таа на Инстаграм.
Покрај тоа, Беквалац откри дека имала и операција на горните капаци. Според неа, тоа била една од најуспешните одлуки, бидејќи овој зафат ѝ вратил десет години помлад изглед.
По интервенцијата на очите, Кристина вели дека отокот се повлекол за седум дена и дека носела очила за сонце додека целосно не заздрави. Истакнува дека не ѝ било лесно да се одлучи за зафат на лицето, но денес не се кае – напротив, се чувствува посвежо и позадоволно од кога било.
Фото: pexels