Приватна здравствена установа од Охрид вршела лабораториски испитувања за кои немала дозвола од Министерството за здравство, поради што против установата и против директорот е поднесена кривична пријава.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против приватна здравствена установа од овој град и против директорот, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение. По преземени мери и извршена контрола, било утврдено дека во приватната здравствена установа се вршеле лабораториски испитувања, за што установата немала дозвола од Министерството за здравство“ – информираа од МВР.