Почетна ВестиКривична пријава за жител на Свети Николе, недозволено ловел срни

Кривична пријава за жител на Свети Николе, недозволено ловел срни

од nenad
1 минути читај за




Полицијата соопшти дека против жител на Свети Николе е поднесена кривична пријава за неовластено ловење и чување диви животни и прици и неовластена трговија со оружје.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Д.(45) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела ‘неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни и птици”и ‘неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал’“, соопшти МВР.

   

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на 1 април годинава, по извршен претрес во куќа и помошни простории на пријавениот, пронајдени и одземени се месо од дивеч. „Најдено е месо од срна, од извршен улов во месец јануари во село Крушица, додека во неговото возило ‘шаран’ пронајдени се и одземени пиротехнички средства“, соопшти МВР.