Дали секојдневно правиме грешки што можат да го загрозат здравјето на забите и непцата, а притоа воопшто не сме свесни за тоа? Дали четката е доволна за беспрекорна орална хигиена и кои предупредувачки знаци не смееме да ги игнорираме? На десеттото издание на ПРОФЕМИНА, д-р Бојан Ангеловски ќе ги разоткрие најчестите заблуди и ќе открие зошто патот до здрава насмевка започнува со малите, секојдневни навики.
Она што го правиме секое утро и секоја вечер може да има многу поголемо значење отколку што претпоставуваме. Крвавењето на непцата често го прифаќаме како нешто вообичаено, посилното четкање го поврзуваме со подобро чистење, а просторите меѓу забите неретко остануваат занемарени. Но дали навистина знаеме што е правилна орална хигиена и кои навики можат да направат разлика меѓу негувана насмевка и проблеми што можеле да се спречат?
Токму овие прашања ќе бидат во фокусот на разговорот „Насмевката под лупа: малите навики што прават голема разлика“, кој ќе се одржи на ПРОФЕМИНА 2026.
Со д-р Бојан Ангеловски, специјалист по детска и превентивна стоматологија, ќе ги преиспитаме секојдневните ритуали, ќе ги разоткриеме најчестите заблуди за грижата за забите и непцата и ќе дознаеме како правилната превенција да стане природен дел од нашето секојдневие.
Зашто, здравата насмевка не е само прашање на естетика. Таа е важен дел од самодовербата, комуникацијата и квалитетот на животот. А грижата за неа не завршува со четкањето на забите. Правилната техника, изборот на соодветни производи, чистењето на интерденталните простори и редовните стоматолошки прегледи се важни делови од целосната орална хигиена.
Разговорот се реализира под покровителство на Curaprox, бренд за орална хигиена што ја истакнува важноста на нежната, но ефикасна грижа за забите и непцата. Со четки за заби со ултрафини влакна, интердентални четкички и производи за секојдневна нега, Curaprox ја поддржува идејата дека добрата орална хигиена започнува со информиран избор и правилно изградени навики.
Поврзани објави
На ПРОФЕМИНА ќе дознаеме кои мали промени можат да направат голема разлика, зошто не треба да ги игнорираме сигналите што ни ги испраќаат непцата и како да се грижиме за насмевката на правилен начин.
Не пропуштајте ги советите што можат да го променат начинот на кој се грижите за вашето орално здравје!
Осигурете го вашето бесплатно присуство на ПРОФЕМИНА со регистрација на redakcija@ubavinaizdravje.mk. Бидете дел од разговорите што инспирираат, информираат и поттикнуваат подобри секојдневни навики.
ПРОФЕМИНА 2026 – СВЕСНА. СМЕЛА. СВОЈА.
Текст: Убавина и здравје