Table of Contents
Ако навистина сакате здрава и чиста кожа – не прескокнувајте го вистинскиот чистач. Вашето лице ќе ви биде благодарно!
Балсам за чистење, масло, мицеларна вода… а потоа уште и двојно чистење! Пазарот е преполн со опции: пенливи гелови, марамчиња за отстранување шминка, серуми и креми. Но која опција навистина го чисти лицето од дневната нечистотија и го подготвува за здрав тен? Тука сме да ви помогнеме да ги разберете сите можности и да ја изберете најдобрата за вашата кожа.
Зошто е важно темелното чистење
Дерматолозите имаат едно правило што секој треба да го почитува: темелно миење на лицето пред спиење. Во текот на ноќта, кожата се обидува да се регенерира. Ако на лицето останат шминка, СПФ, траги од загадување и вишок себум, процесот на обновување се нарушува. Со други зборови, спиењето со нечисто лице не само што ја загрозува кожата, туку го нарушува и вашиот „убав сон“.
Кои се најпопуларните типови чистачи
Балсам за чистење
„Балсамите се густи производи на база на масло кои се втриваат во кожата. Помагаат во разградување на шминка и нечистотии, а се нежни кон кожата“, објаснува д-р Мариса Гаршик. Принципот е едноставен: маслото привлекува масло – па вишокот себум и шминка се отстрануваат без иритации.
Ниво на густина: Густ.
Најдобри за: Сува кожа, бидејќи истовремено хидрираат и негуваат.
Ефект: Богат, смирувачки и речиси луксузен – идеален за разгалување на кожата.
Масло за чистење
Маслата делуваат слично како мицеларната вода – ги привлекуваат нечистотиите и вишокот себум, но понекогаш постои ризик од затнување пори. „Препорачувам двојно чистење – прво со масло, потоа со нежен чистач со хијалуронска киселина или церамиди“, советува д-р Ксенија Кобец.
Ниво на густина: Лесна до средна.
Најдобри за: Сите типови кожа, особено за отстранување шминка без чувство на сувост.
Ефект: Разградување на шминка со зачувување на природната бариера на кожата.
Мицеларна вода
Поврзани објави
Се состои од мицели – колоидни честички кои ја привлекуваат и отстрануваат нечистотијата без да ја исушат кожата. Практична, лесна и без плакнење, идеална за чувствителна и сува кожа.
Ниво на густина: Многу лесна.
Најдобри за: Чувствителна кожа, лица што користат многу шминка.
Ефект: Лесно и практично решение, но кај масна кожа или тешка шминка, поефикасен е производ на база на масло.
Двојно чистење – што значи и зошто е важно
Двојното чистење не значи само двапати миење. Прво користите чистач на база на масло или мицеларна вода за отстранување шминка и СПФ, потоа нежен гел или крем за отстранување остатоци од нечистотија.
Зошто е важно: Совршено чистото лице подобро ги апсорбира кремите, серумите и другите производи за нега.
Дали двојното чистење е за секого?
-
Масна кожа и честа шминка: Да, ќе биде корисно.
-
Нормална или сува кожа: Доволно е едноставно чистење.
-
Чувствителна кожа, розацеа или егзема: Треба да се избегнува, бидејќи може да предизвика сушење.
Марамчиња за отстранување шминка – можно ли е да го заменат чистачот?
Марамчињата се практични кога сте во движење, но не можат да го заменат вистинското темелно чистење. „Остават остатоци и не ги чистат порите доволно темелно“, објаснува д-р Мари Џин.
Како да ги користите правилно:
-
Нежно избришете шминка со марамче.
-
Завршете со омилен чистач за лице.
Текст: Убавина и здравје