Почетна ПопуларноКорпа од Кина: Немаат слободни термини за посета на Борел

Корпа од Кина: Немаат слободни термини за посета на Борел

од nenad
1 минути читај за
t

Кина ја откажа посетата на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, каде требаше да престојува следната недела, соопшти портпаролката за надворешна и безбедносна политика на Европската комисија, Набила Масрали.

„За жал, колегите од Кина не информираа дека закажаните датуми за следната недела веќе не се можни и дека сега мораме да бараме алтернативи“, рече Масрали во писмената изјава за Ројтерс.Амбасадорот на ЕУ во Пекинг, Хорхе Толедо, претходно најави дека Борел на 10 јули ќе пристигне во Пекинг и ќе се сретне со шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг.

Толедо на Светскиот мировен форум во Пекинг рече дека Борел ќе разговара за „стратешки прашања“ за време на посетата, вклучително и прашања за човековите права и војната во Украина, според аудио снимката што ја споделија организаторите претходно денеска.Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг изјави денеска за новинарите дека нема информации за посетата на Борело на Кина.

Борел требаше да отпатува во Кина по високиот претставник на ЕУ за клима Франс Тимерман, кој беше во Пекинг претходно оваа недела, каде што разговараше за климата, биодиверзитетот и заштитата на животната средина.Во април, Тимерман и Борел ја одложија посетата на Кина откако беа позитивни на корона вирусот.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.