Почетна СветКолумна на Проф. д-р Катерина Тодороска: Мите, Мите памтиш…

Колумна на Проф. д-р Катерина Тодороска: Мите, Мите памтиш…

од nenad
5 минути читај за

На 25.12.2024 год. се појави една „колумна“ насловена „Од Митко Панов очекувавме повеќе, шансата го троши“ на поранешен инспектор во Државниот просветен инспекторат, кој меѓу другото, беше задолжен и за законитоста во работењето на Институтот за национална историја. Во неа, инспекторот врз основа на негов „разговор“ со некој безимен пензионер од Институтот, констатираше дека новиот директор на ИНИ, проф. д-р Митко Панов не ги исполнил нивните очекувања во едната година од неговото раководење со Институтот, па така ИНИ бил ТАПА. Чудесно, како инспекторот не прашал некој од вработените во ИНИ како и што се случува во Институтот, ама очигледно мислењето на вработените и вистината за случувањата во ИНИ во изминатава една година, не му биле намерата.

Веројатно поведен од таа „тапа колумна“ извесен Ацо Македон Крстески од Flehingen, Baden-Wurttemberg, Germany со Biljana Chelik на својот ФБ профил објавил  текст кон кој прикачил и 87 други пријаатели, во кој прашува:·

„Ја заслужи ли

Митко Панов

високата плата?

Некогаш седата фризура беше симбол на мудрост, искуство и одговорност. Но, дали кај Митко Панов таа седа фризура сведочи за грижа кон Македонија или само за сопствената удобност? Јавно прашувам: дали овој директор на Институтот за национална историја ја заслужува својата висока плата?“

Следниот ден (26.12.2024)проф. д-р Митко Панов, сепак, испрати одговор на „колумната“ која не заслужува одговор. Истиот беше објавен на https://netpress.com.mk/virtus-tentamine-gaudet-odgovor-na-edna-kolumna-shto-vsushnost-ne-zasluzhuva-odgovor/?fbclid=IwY2xjawHbQ3pleHRuA2FlbQIxMAABHer9thdIVzwT9V5dNBTZ-gkmNJir_IIivxudXytws87Wc-lhm_rJX7v9HA_aem_7PqXo6lpza3Hdf_tuL89YA

Академски, како што доликува на неговиот интелектуален капацитет.

Истиот ден (26.12.2024), на ФБ профилот кај Зоран Божиновски се појави текст од група вработени во Државниот просветен инспекторат, под наслов: „ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ“. Во него, покрај другото, пишува: „ДПИ мора да се исчисти од ваквите инспектори, мора да се сопре процесот на незаконско завршување магистратури и докторати, таквите универзитети мора да се затворат“.

И сушност, тој текст во комбинација со претходно спомнатите два текста, ме поттикна да го напишам ова мое видување врз основа на моето искуство со инспекторот и со ДПИ. Но, за да ви ја доловам мислата што ме првично ме инспирира, треба да прочитате еден виц, кој на ФБ го имам сретнато во неколку верзии, а јас пренесувам една од нив.

„Отишол Перо во Дубаи,шетал и видел убава Арапка,поминал и ја шлапнал по газот.

Го фатила полиција и веднаш на суд..

Судијата: Шо направи овој??

Удри по газ една наша судијо!!

Судијата: викај го Јусуф!!

Доаѓа Јусуф до половина гол,цел мускули, а судијата му вика: Фаќај го овој и да го опашаш!!!

Перо се тегавел, се објаснувал , а Јусуф го ставил под мишка и тргнал..

Во тоа време внесуваат друг…

Судијата: Што направи овој?

Ограби златара!

Судијата: Јусуф на овој сечи му рака!

Јусуф и овој го ставил под мишка и трга кога еве друг внесуваат,

Судијата: Овој што направил?

Овој силувал!!

Судијата: Јусуф сечи му нога и рака!!

Го зема и овој под мишка кога еве уште еден внесуваат..

Судијата: А овој што направи??

Убил цела фамилија!!

Судијата: Јусуф на овој сечи му раце и нозе!!

Тргнал Јусуф да ги заврши задачите, кога се јавил Перо.

Јусуф, Јусуф, памтиш, јас бев за опашување.“

И да се вратам на првата „колумна“ напишана од „загрижениот инспектор“ во пензија.

Од моето искуство, како долгогодишен член на институтското семејство, ќе кажам дека во текот на 20-тина години инспекторот имаше многу можности да покаже „грижа“ за Институтот. Бидејќи авторот на „колумната“ и таинствениот пензионер од неговиот текст, очекувале повеќе да се сработи во ИНИ за една година, јас ќе им кажам дека нивно дело е УНИШТУВАЊЕТО на ИНИ во тие 20-тина години. А ќе признаете дека она што се уништува две децении, не може да се поправи за една година. А што се‘ е направено, можете да прочитате во одговорот на проф. д-р Митко Панов.

Своевремено инспекторот, кој сега лее солзи над работата на ИНИ, лично го имам писмено повикувано да ја прегледа работата на знаменитата правничка на ИНИ, Татјана Дојчиновска. Но таа, во тоа време беше неприкосновениот ментор на директорите на ИНИ, а инспекторот нејзин чадор.

Така, ако инспекторот во активните денови реагираше според законските прописи кои требаша да ги применува, немаше да има „несоодветни“ материјали, немаше да има директори со четири пати ВД избори, немаше јас да бидам ДИСКРИМИНАТОР СО ПРОДОЛЖЕНО ДЕЈСТВО бидејќи сум напишала негативна рецензија, ќе видеше дека НЕМА „скршен денар“ за истражувања, а камо ли за нешто друго. Ако инспекторот „видеше“ дека вработените со години БЕА КРАДЕНИ на платата и придонесите, јас немаше да го добијам судскиот спор по тој основ. За информација на јавноста, во изминатава година во Институтот ИМА ПАРИ за реновирање на тоалетите, за научни и работни екскурзии на вработените, за одржување на научни собири итн. итн. И според мене, тука лежи најголемиот проблем како на инспекторот, така и на пензионерот. Сега излезе на виделина дека откако замина од ИНИ менторката Татјана Дојчиновска и нејзините пулени во одело на директори, се покажа дека ПАРИ ИМАЛО, ама не и за работата на ИНИ и за вработените.

Секако, за сето тоа постои документација.

Но, таа историја е многу долга, а јас сакам да се вратам на мислата со вицот.

Доколку ги ставиме на кантар „делата“ на инспекторот тогаш би го споредила со Перо од вицот. Пензионерот би бил вториот т.е. оној кој ја ограбил златарата. Драги Ѓоргиев, како поранешен директор на ИНИ, би бил третиот, оној кој силувал, а менторката Татјана Дојчиновка оној четвртиот, кој убил цело семејство.

И нормално, би прашале зошто оној кој го дозволил сето друго, условно речено „има најмала казна“ одговорот би бил: Вам може да ви дозволат да правите што сакате, ама дали ќе изберете криминал или не, зависи од вас.

И да бидам искрена, се надевам дека пратениците и Владата на Република Македонија ќе го одржат ветувањето за укинување на Законот за амнестирање на криминалите во рок од три години, а потоа ќе видиме кој ќе се натпреварува прв да стигне да шепка: Мите, Мите памтиш, јас бев за …

П.С. Мојот текст нема намена на одговор на спомнатите колумни, па затоа немам намера да го објавам во ист портал со нив.


Post Views:
200

Извор : vesnik-ilinden.com

Колумна на Проф. д-р Катерина Тодороска: Мите, Мите памтиш…