Деконструкција
Пишува: Зеќирија Ибрахими
Колку повеќе се наближуваат изборите, толку понапната станува
политичката сцена во албанскиот кампус во РСМ. За да ја расчистиме
маглата и да објасниме како всушност стојат работите, еве неколку
објаснувања подолу.
ПР во партијата СОРАВИЈА
Откако ДУИ, односно СОРАВИЈА, првпат чувствува дека рокот ù е истечен и
дека по овие избори ќе заврши во опозиција, за да може да се спаси од
ова, бидејќи се работи за стотици милиони евра од казината што ги
контролираат високите експоненти на оваа партија, како и за стотиците
милиони од автопатите, тие – како и обично – и овој пат ќе измислат нов
наратив. Додека на последните избори нивниот наратив беше „Време е за
албанскиот премиер!“ Зошто да не?!“, кој заврши како измама на денот на
формирањето на новата влада, кога на прашањето „Каде е албанскиот
премиер?“, лидерот на СОРАВИЈА со посочување на Заев ја замени
реченицата „Еве го албанскиот премиер!“, на следните избори се
подготвува уште еден изборен трик.
Овој пат нарацијата ќе биде „Да се обединиме ние Албанците во РСМ и да
не дозволиме антиевропските и проруските сили да ја ориентираат земјата
кон Русија и Кина. Ние мора да се обединиме, без разлика на партијата,
што е можно повеќе и во една листа, за да можеме да добиеме 30
пратеници, така што која и да е македонска партија да победи, да не може
да формира влада без Албанците, бидејќи ние Албанците ќе условуваме и ќе
формираме влада само со проевропските партии“.
Се разбира, убава нарација, која се јаде пријатно и вкусно, особено за
Албанците во Косово и Албанија, кои не ги знаат околностите овде, а за
нас што живееме овде, подтекстот на оваа нарација е: „Ние, ДУИ,
дефинитивно мора повторно да останеме на власт, затоа што не можеме да
го заштитиме бизнисот со казината, не можеме да ги добиеме милионите од
автопатите, не можеме да ги заштитиме бизнисите од типот СОРАВИЈА и
ЕУРОВИА (останатите се уште не се објавени), па само со тоа што сме на
власт, имаме можност со уцените што ги правиме преку обвинителите и
судиите што сме ги поставиле ние, да може да опстанеме“.
Кој ја јаде, нека му е со среќа! Кој ја разбира измамата, се спасил!
Реприза на драмата „Избори 2016“ со нови актери
Во 2016 година, кога се очекуваше победа на Движењето БЕСА на изборите,
на сцена се појави ДР-ДПА, НДП се врати од клиничка смрт со Весел Мемеди
и се појави партијата УНИТЕТИ со Гзим Острени. И покрај тоа што и
птиците по планини знаеја дека доколку на тие избори се обединуваше
ДР-ДПА со Движењето Беса, тоа значеше победа на изборите, тогашниот
лидер на ДР-ДПА, од причини што само тој ги знае, а ние само ги
претпоставуваме, со волја или наивно, му направи услуга на Али Ахмети,
создавајќи друг опозициски блок, наречен Алијанса за Албанците, во кој
беа вклучени тие три партии, додека Движењето Беса излезе сама на
избори. Епилогот се знаеше – бројот на гласачите на опозицијата, иако
поголем од гласачите на ДУИ, се подели и, следствено, ДУИ направи влада,
наградувајќи ја ДР-ДПА со неколкумесечно владеење, наградувајќи го Весел
Мемеди со амбасадорско место во Рим и наградувајќи го Гзим Острени со
некој државен совет и со некоја публикација на книга.
Сега, кога повторно се гледа дека гласот на опозицијата е во тројството
АлтернАтивА-Беса-Демократско движење, имаме тежнеење да се создаде
слично сценарио. Така, тогашната ДР-ДПА (сега Алијанса за Албанците)
сега е заедно со ДУИ и, според сите можности, излегува со заеднички
листи со неа, улогата на Гзим Острени ја презеде Аријанит Хоџа со
новоформираната партија ЕДП, додека улогата на Весел Мемеди (можеби со
ветување за амбасадор во Истанбул) ја презеде овој пратеникот со две-три
имиња (Скендербегзејди), кој некогаш беше пратеник на АлтернАтивА.
Пресметката што во моментов се прави е „Дали е подобро СОРАВИЈА да ги
вклучи сите овие партии во својата заедничка листа или да создаде уште
еден „опозициски“ блок каде што ќе бидат Алијансата за Албанците,
Аријанит Хоџа и Скендербегзејди?“. Во зависност од тоа како ќе излезат
анализите на анкетите, така ќе биде и одлуката.
Нови поделби
Дополнително, преку средствата кои ги држат во сенка и ги активираат
кога сакаат, во меѓувреме ќе видиме како ќе се родат „незадоволни“ во
секоја опозициска партија.
Веќе отстранија дел од Демократското движење на Изет Меџити, се разбира
„убедувајќи“ ги Блерим, Невзат и Муса дека колку е „битно да се биде на
европската страна“, тоа ù го направија и на Движењето Беса со
отстранување на еден пратеник и на нејзиниот заменик-претседател, а во
тек тоа се прави и кај АлтернАтивА. Си собираат два-тројца активисти,
обично фатени на дело во скандали или манипулирани со религиозни
наративи, и ги вадат на прес-конференции за да изразат незадоволство, да
ја „замрзнат активноста“ итн., сето тоа за да се создаде паника дека
„нема ништо од оваа опозиција и дека Али Ахмети победува на изборите“.
За жал, и луѓе кои имаат интелектуален багаж зад себе, а се и пратеници,
паднаа на овие замки. А полошо од тоа, СОРАВИЈА успеа да
инструментализира и останати луѓе, кои изгледаат како неполитички, но
чија дневна агенда е да предизвикуваат поделби во корист на СОРАВИЈА.
Во овој случај, очаен е и пристапот на Алијансата за Албанците, која се
ДУИ-зира толку брзо и толку лошо. Така, пред неколку дена на советникот
на АлтернАтивА во Тетово му било кажано дека ќе му го распределат
работното место на Министерството за правда од Тетово во Скопје, додека
во сите ограноци на АлтернАтивА не престануваат притисоците на работа
таму каде што на раководни позиции се луѓето од Алијансата за Албанците,
било и за една слика објавена со некој експонент на АлтернАтивА.
Продолжуваат и мамењето со работни места, раскинувања и склучувања
договори, толку што дури и ДУИ ја изненадија, како мајстори на овие
вештини.
Епилог
Кога ги чита овие информации, обичниот гласач паѓа во очај и му изгледа
како тешка битка. Дури и ние што сме во оваа борба знаеме колку тешко
прифаќа Али Ахмети да оди во опозиција, бидејќи опозицијата за него може
да значи и соочување со правдата за целото богатство изнудено во текот
на овие години, додека тој на оваа возраст не може да замисли да оди во
Будимпешта кај „неговиот пријател“. Затоа, тој ќе биде во ситуација да
направи се само за да не оди во опозиција.
Меѓутоа, како што рече нашиот претседател Африм Гаши, „јаболкото се
узрева и дојде време да падне“. Партијата СОРАВИЈА може да се спаси од
опозицијата само ако се формира проширена влада во Северна Македонија,
каде што и таа партија може да биде во владата, а веројатноста за тоа е
0%. Во спротивно, по изборите ДУИ оди во опозиција, додека целата
номенклатура на криминалот и корупцијата, изградена со години, може да
заврши во Идризово.
Потврдените констатации се дека:
– Сите анкети покажуваат дека трипартитната опозиција ќе ја победи ДУИ
на следните избори.
– САД ставаат на црната листа високи експоненти на оваа партија.
– Високи раководни лица на оваа партија се одбиени за американска визи.
– Објавена е мрежата од бизнисите со стотици милиони на семејството
Ахмети.
– Секојдневно се откриваат корупциски скандали и црни бизниси на луѓето
од оваа партија.
– Функционери на оваа партија се обвинети за бизнис со наркотици.
– Амбасадорката на САД изрази загриженост за начинот на кој е избран
јавниот обвинител на Обвинителството за тешки кривични дела.
Ова е причината што Арбен Таравари ја има последната шанса да се освести
и да одлучи кому ќе му служи на овие избори. Во моментов нема многу
филозофија: или си со СОРАВИЈА и во нејзина услуга, или си со албанскиот
народ и против СОРАВИЈА? Ова е толку едноставно.
„Грозјето почнал да узрее“.
var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };
FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );
window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };
}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));


