Неговата гозба почнува во Нов Зеланд каде што децата оставаат една чаша пиво и еден ананас. Во Нов Зеланд има 1 милион 415 илјади и 200 домови во 2023-та што значи дека Дедо Мраз јаде 147 милион калории во Нов Зеланд. Во Австралија Дедо Мраз јаде колачи и пиво, па со оглед дека има 10 милиони куќи, Дедо Мраз таму јаде една милијарда и 892 милиона калории.
Потоа Дедо Мраз оди во Азија каде нема многу негови фанови. Во Африка не му даваат храна. Во Европа го чека голема гозба. Во Британија децата оставаат пита од нане и чаша шери. Со 29 милиони домаќинства од кои 60% се христијани, тој консумира 13 милијарди калории. Во Ирска му оставаат чаша Гинис и пита од нане. Таму има 1,5 милиони домаќинства па Дедо Мраз таму консумира 1 милијарда калории.
Во Холандија, Германија и Данска не му оставаат храна. Во Италија му оставаат мандарина па со 20 милиони куќи тој консумира 707 милиони калории. Во Латвија тој консумира 178 милиони калории од колаче кое се вика Пиперкука. Потоа во Исланд во 33 000 домови јаде колачиња кои се викаат Левафрес со 180 калории па вкупно тоа се 6 милиони калории. Во Шведска му даваат кафе па во 3 милиони домаќинства тој консумира 3 милиони калории со оглед дека едно кафе има само една калорија.
Во Јужна Америка почнува со Чиле каде му остваат Панде Пасква која е овошна торта и има 400 калории па тоа вкупно се 1,7 милијарди калории. Потоа тој оди во САД и Канада каде што има колачиња и млеко тоа се 29 милијарди калории. Вкупно значи дека во цел свет консумира 45 милијарди и 800 милиони калории.