Почетна Сцена Ковачевски: Стануваат на сабајле и викаат сега ќе го блокирам

Ковачевски: Стануваат на сабајле и викаат сега ќе го блокирам

од nenad
1 минути читај за

-Нема решение во парламентот кое што опозицијата не го блокирала. Откако сум дел од Владата, стратегијата на опозицијата е блокада и тоа на нив им стана како движечка сила на нивното работење. Станува сабајле и викаат сега ќе го блокирам. Веројатно тоа го научија во единаесет години владеење кое го имавме. Тогаш имавме блокирани евроинтеграции, НАТО интеграции и блокирани односи со соседите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по најавата од ВМРО-ДПМНЕ дек ќе го блокираат новиот Закон за амнестија.

Премиерот најави дека министерот за правда, Кренар Лога утре во детали ќе го образложи предложениот закон. За него, овој закон е порестриктивен во однос на тоа што тогаш било донесено како закон во 2018 година.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повтори дека неговата партија ќе го блокира со амандмани новиот предлог-закон за амнестија. Според него, законот има намена да ослободи криминалци кои одлежуваат казна затвор и како што вели, тие да се вратат на улиците.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING