Почетна БалканКовачевски со новиот австриски амбасадор: Имаме силна и континуирана австриска поддршка за напредокот на Македонија во евроинтеграцискиот процес

Ковачевски со новиот австриски амбасадор: Имаме силна и континуирана австриска поддршка за напредокот на Македонија во евроинтеграцискиот процес

од nenad
0 минути читај за
t

На новиот австриски амбасадор Мартин Памер му посакав добредојде и успешен мандат во нашата држава. Заедно оценивме дека постои големо, искрено и долгогодишно пријателство што годинава се заокружува во 30-годишнина од воспоставувањето дипломатски односи, а успешната економска соработка ја покажува фактот дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во нашата држава, објави премиерот Димитар Ковачевски.

Имаме силна и континуирана австриска поддршка за напредокот на Македонија во евроинтеграцискиот процес, како пример на функционална, мултиетничка и мултирелигиска држава во Европа, којашто придонесува и за стабилноста во регионот и во Европа.