СООПШТЕНИЕ: Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска го посети Сојузот на здружение на пензионери, каде оствари работен состанок со претставници на Здружението.
На средбата се говореше за стандардот на пензионерите, кој значително е подобрен и ќе породлжи да се подобрува благодарение на зголемувањето на пензиите како и мерките за заштита на животниот стандард на оваа категорија граѓани.
Претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ како партија на која солидарноста и е една од најважните вредности ќе продолжи да се грижи за оваа категорија граѓани и во иднина.
На состанокт се разговараше и за новата програма на СДСМ, во која се опфатени и пензионерите. .
Извор: МИА