„Парите ги насочуваме кај вистинските земјоделци, нема партиски списоци за делење на субвенции, како во едно друго време. Нема веќе земјоделци кои седат во јавна администрација и кои земјоделство не виделе а добиваат субвенции. Денес, субвенции се исплаќаат според реформираниот модел за субвенции, во согласност со правилата на ЕУ и ги добиваат вистинските земјоделци добиваат субвенции, и добиваат 30% авансно“, рече Ковачевски.Во однос на идните политики и мерки, Ковачевски потенцираше дека СДСМ е партнер на земјоделците и поддршката ќе продоложи и во вториот мандат на Владата предводена од СДСМ.
„Овие позитивни резултати се само поттик за понатаму. Ние имаме и план за следниот период во кој земјоделците ќе се вреднувани како и досега и ќе се наш вистински партнер, затоа што реалниот развој на економијата и подобрувањето на животниот стандард зависи и од нив. Ако од 2020 до 2024 се исплатени 560 милиони евра во директни плаќања, за периодот 2024-2028 година, вкупниот буџет ќе го зголемиме на 750 милиони евра за земјоделците. Оваа мерка покрај тоа што директно ќе ја подобри состојбата во земјоделството, ќе има ефект и на извозот. Со ова очекуваме извозот од земјоделскиот сектор од сегашните 700 милиони евра да се зголеми на една милијарда и 250 милиони евра до 2028 година. Програмата за рурален развој исто така ќе ја зголемиме и тоа за 20%, со што буџетот за таа намена ќе биде над 100 милиони евра за периодот 2024-2028 година“, изјави Ковачевски.