„Во изминатите седум години, Владата предводена од СДСМ донела тешки, но значајни одлуки. Правевме и грешки, но факт е дека СДСМ е секогаш рамо до рамо со граѓаните и никогаш не сме се откажале од Македонија во која владеат принципите на солидарност, еднаквост и инклузивност“, рече Ковачевски.
„Кога се смени власта во градот Скопје и кога дојдоа ВМРО – ДПМНЕ со нивната градоначалничка, Скопје беше под сериозна закана да остане без парно среде зима. Преземавме конкретни чекори и Владата го надмина тој проблем. Кога се зголемија трошоците на живот во екот на економската криза, со брза и одлучна реакција, за полесно справување со кризата, успеавме да ги зголемиме и платите и пензиите и другите социјални трансфери. Тие одлуки не беа лесни, но ние не се откажавме.“
Ковачевски истакна дека доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска ќе значи враќање на режимското минато на Груевски и крај на ЕУ перспективата на државата.
„Ја видовте изјавата на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој јасно порача дека и ЕУ и земјите кандидати треба да бидат спремни за прием до 2030 година. Не слушајте што зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ, дека проширување нема да се случи. Така зборуваа и за НАТО, па мораше СДСМ да дојде на власт, за да влеземе во НАТО. Така зборуваа и за почетокот на преговорите со ЕУ, па мораше СДСМ да дојде за да почнат преговорите. Ако тие дојдат до власт, во 2030 година ќе ги гледаме Црна Гора и други држави како седнуваат на столчињата во Брисел, а со ВМРО на власт, нашето повторно ќе остане празно“, порача Ковачевски.
Ги повика граѓаните на 8 мај да изберат европска иднина и масовно да ги поддржат СДСМ и Коалицијата и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски.