Почетна МакедонијаКовачевски за ТВ 21: Потенцијалот за економски развој со членство во ЕУ е огромен

Ковачевски за ТВ 21: Потенцијалот за економски развој со членство во ЕУ е огромен

од nenad
1 минути читај за
„Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ бидејќи ЕУ има две граници, едните и се надворешни, втората е внатрешна граница, граница со земји од Западен Балкан“. Ова е една од пораките која ја истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.

„Сликата на Западен Балкан е променета, ако во 90-те беа тоа новоформирани држави, денес ги имаме Словенија, Хрватска па и Бугарија кои се земји членки на ЕУ. Меѓутоа од безбедносен аспект, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Грција, Бугарија се земји членки на НАТО. Она што е заедничко како оценка на голем број на економисти дека потенцијалот за економски развој на Западен Балкан е исклучително голем со оглед на неговата позиција, на тоа што луѓето се исклучително вредни со оглед на ресурсите кои располага и потенцијалот кој располага и вклучувањето на еден заеднички пазар од половина милијарда луѓе како што е пазарот на ЕУ секако дека ќе го направи овој регион да биде регион со највисоки стапки на раст“, посочи премиерот Ковачевски.Претседателот на Владата посочи дека истата порака денеска ја слушнал и од заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар.