45
Во рамки на роденденската седмица на општина Кисела Вода, денес повторно излегуваме со многу значаен проект, прв во Македонија.
Се работи за 5 најсовремени Filter Cube III 5 уреди за надворешна употреба кои се со ненадминливи перформанси досега.
Со максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч, обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот.
Ова се многу моќни и ефикасни уреди со тежина од 1000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки, кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот.
Претходно, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници, што го направи ова училиште првото на Балканот кое има заштита од вируси од ваков тип.
Оваа е вредна донација од општествено одговорната компанија ЕКОТИП, со која Општина Кисела Вода склучи стратешко партнерство и започна заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија.
Сакам искрено и од срце да им се заблагодарам.
Се надевам, дека ова повторно ќе биде пример за другите општини и градот Скопје, сѐ со цел да се подобри животната средина, чистиот воздух и здравјето на идните генерации.