Министерот за надворешни работи на НР Кина, Чин Ганг (57) во вторникот беше неочекувано сменет од функцијата, со одлука на највисокото партиско тело и на вонредна седница на одборот за надворешни работи на Националниот конгрес, после само седум месеци поминати во министерската фотеља.
Ваквата одлука која е невообичаена дури и за земја каква што е Кина, доаѓа после еденомесечното (необјаснето) отсуство на министерот и неговото нагло непојавување во домашната јавност и на меѓународниите средби на кои Кина беше учесник.
Едномесечно отсуствоПред малку повеќе од еден месец Ганг се сретна и разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Потоа имаше средби со дипломатски претставници на Шри Ланка и на Виетнам, а последен пат беше виден во јавноста како весело разговара со рускиот заменик министер Андреј Руденко кој ја има извесетно кинеската страна за случувањата во Русија, поврзани со неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер.
Од тогаш Ганг не е виден во јавноста, а кога кинеското министерство за надврешни работи ја откажа договорената средба на министерот со Јосеп Борел, шефот на дипломатијата на ЕУ, предвидена за 4 јули, стана јасно дека нешто се случува во врвот на кинеската политичка сцена.
Пекинг се обиде да го минимизира откажувањето на средбата Ганг -Борел со едно кусо објаснување дека до тоа доаѓа поради „болест на министерот“, без притоа да има било какво натамошно објаснување.
Метеорски успехОд тогаш , меѓутоа, министерството за надворшни работи престана да го споменува својот министер, како тој да не постои и тоа траше три недели- се до 25 јули кога беше соопштено дека Ганг е сменет, а дека на неговата функција доаѓа ( се враќа ) неговиот претходник- Ванг Ји (69).
Овој беше шеф на кинеската дипломатија девет години, од 2013 до пред крајот на 2022 година, кога на тоа месето беше поставен 12 години помладиот Ганг. За Ји се вели дека му е „бескрајно верен и лојален“ на лидерот Си Џинпинг. Се верува дека Ји на позицијата ќе остане до март идната година, кога се очекува да се именува нов министер.
Сега се потсетува дека и Ганг кој се нема огласено и не се ниту очекува тоа да го направи, важеше за „мошне близок со Си“ со кого има и работено како негов советник, задолжен да ги подготвува патувањата на семоќниот лидер во странство.
За него, затоа и се вели, дека има постигнато метеорски успех во кариерата.
Си го „приземји“ ГангБеше означуван како политичка ѕвезда која брзо се искаѓува кон врвот кој блискоста со Си му помогна прво да биде именуван за портпарол на министерството за надворешни работи во Пекинг, па заменик министер, каде беше испратен за амбасдор на Кина во САД. После 17 месеци минати во Вашингтон, тој беше поставен за министер за надворешни работи.
Но, Ганг беше брзо „приземјен“ па неговиот политички ментор Си- (велат) без многу размислување- ја има потпишано одлуката за неговото сменување од министерската функција. Останува, притоа, нејасно што е причината за падот на едно време „најперспективниот кинески политичар“.
Во Кина каде цензурата е доминантна во јавниот живот, за тоа никој од луѓето на позиција не сака и не смее да зборува, дури и во неформална форма, па затоа странски политички експерти проценуваат дека Ганг може да е сменат откако е откриено дека ја има „злоупотребено власта“, или брзо стекнатата политичка моќ.
Тајна љубовна врска ?Можеби (некој ) во врвот на политиката да оценил дека Ганг станува премнгу популарен, што не е добра работа во тоталитарни општества и дека е замешан во борбата за власт, односно за уште повисока позиција.
Секако , можно е да му се прикаќи и корупцијата која и онака е моѓне разгранета во кинеското општерство , а знае често да се искористи како мерка за дисквалификација или за елиминација на некоха позната личност во јавниот животи политиката.
На социјалните мрежи, меѓутоа, доминира нешто што инаку ретко, или никогаш не се споменува во Кина. Станува збор за неверството во бракот, односно за откриана тајна љубовна врска, со друга жена.
Се тврди дека сменетиот министер освен дипломат, бил и прељубник, односно дека одржувал врска со една популарна ТВ водителка од Хонг Конг. Доскорешмиот министер ја запознал водителката додека бил амбасадор во Вашингтон и (велат) дека од тогаш тие двајцата се заедно.
.