Пратеникот Салим Сулејмани, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив, оствари средба со вториот секретар на амбасадата на Катар во Република Северна Македонија, Саид Ал-Самих. На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји, кои беа оценети како одлични, при што беа нагласени можностите за унапредување на економската соработка преку зголемување на инвестициите, како и за напредување на политичката и културната соработка.
Беше истакнато важноста на тоа дека Катар е единствената земја од Арапскиот Залив која има Амбасада во Република Северна Македонија и дека ги има укинато визите за влез на нашите граѓани во Катар. Соговорниците се сложија за зајакнување на постоечките добри односи и за остварување на посети на Парламентарните групи за соработка на двете држави.