Почетна ЕкономијаКарни: преговорите за трговија со САД се повторно активни

Карни: преговорите за трговија со САД се повторно активни

од nenad
1 минути читај за

Канадскиот премиер, Марк Карни, објави дека преговорите за трговија со САД се повторно активни, откако Канада се откажа од својата стратегија за оданочување на американските технолошки корпорации, пренесоа американските медиуми.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во петокот рече дека ги прекинува преговорите за трговија со Канада, поради нејзините планови за оданочување на технолошките компании, додавајќи дека тоа претставува „директен и очигледен напад врз нашата земја“.

Канцеларијата на Карни објави дека Трамп се согласил да ги врати во игра разговорите.

Данокот на дигитални услуги требаше да почне да се применува денес, влијаејќи на компании како Амазон, Гугл, Мета и Ербиенби со данок од три проценти на приходите од канадските корисници.

Тој ќе се спроведуваше со повратно дејство, што ќе генерираше обврска од две милијарди долари за американските компании на крајот на месецот.
сд/фото:МИА архива