Почетна ТехнологијаКАМИОН ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СЕ ПРЕВРТЕЛ Еден загинат во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

КАМИОН ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СЕ ПРЕВРТЕЛ Еден загинат во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

од nenad
1 минути читај за




Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14:30 часот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, откако камион со струмички регистарски ознаки излетал од патот и се превртел. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР СтруМица Александра Трајанова. Според неа, од првичните информации од увидот кој се уште трае, едно лице загинало, а причините за несреќата дополнително ќе се истражуваат.Заради несреќата сообраќајот се одвиваше отежнато во двата правца.