Жените се револтирани од новите фотографии на Вера Ванг на кои личи на тинејџерка
Славната дизајнерка Вера Ванг, споделила неколку фотографии на својот инстаграм-профил, по повод својот 76. роденден. Така, можевме да ја видиме Вера облечена во тесен, црн фустан од тантела кој ја истакнувал нејзината слаба става.
Можеби во пасошот Вера има 76 години, на фотографиите изгледа како да има само 15. Поради тоа, корисниците на социјалните мрежи ја обвинија дека претерано ги обработила фотографиите во Фотошоп.
Според нив, Вера претерала со филтрите и обработките – лицето ѝ станало неприродно мазно, цртите на лицето подмладени, а колената изгледале како да се прецртани.
Поврзани објави
И ова не е првпат Вера да биде обвинета за користење Фотошоп. Во реалниот живот, наводно, таа изгледала поинаку: брчки, неправилности, кесички под очите и опуштена кожа биле забележани во живо. Но вреди да се признае дека дури и без филтри, дизајнерката изгледа многу младо за своите години. Тоа делумно може да се објасни со генетиката – Вонг е од азиско потекло, а припадниците на оваа група стареат побавно. Таа, исто така, не го крие фактот дека се придржува до одредена нега и начин на живот.
Не сака да готви, па често гладува, многу шета и се опушта со топла бања и чаша вотка. Во младоста дизајнерката се занимавала со уметничко лизгање и балет, што ѝ помогнало да остане во добра физичка форма. Сега претпочита умерено вежбање – возење велосипед, одење и голф.
Фотографиите на Вера покренале дебата за тоа колку е соодветно да се користи Фотошоп и филтри. Некои сметаат дека секој има право да се претстави така како што сака, додека други сметаат дека јавните личности имаат одговорност кон својата публика и не би смееле да создаваат лажна слика.
ФОТО: ИНСТАГРАМ