Стручно лице од банкарскиот систем објасни како да се препознае дали банкнотата што ја имате е лажна. Клучот е да ги познавате заштитните елементи на вистинските банкноти.
Како да препознаете фалсификат
-
Допир: Поминете со прстот врз банкнотата. Вистинските банкноти се печатени на специјален материјал и имаат релјефни зони што се чувствуваат на допир. Фалсификатите обично немаат релјеф или се премногу мазни.
-
Воден жиг: Вистинските банкноти имаат воден жиг, кој се гледа кога банкнотата ќе се држи кон светлината. Кај фалсификатите тој или не се појавува, или е неправилен.
-
Холограм и безбедносна лента/нишка: Оригиналните банкноти имаат холограмски елементи и метална сигурносна лента која се гледа кога банкнотата ќе се сврти кон светлината. Кај фалсификатите тие се често испрекидани или неточни.
-
Материјал: Вистинските банкноти се направени од специјален материјал, додека фалсификатите се печатат на обичен комерцијален материјал што се чувствува поинаку на допир.
Поврзани објави
За еврото, стручњаците препорачуваат методот „чувство, поглед и накосување“ (FEEL–LOOK–TILT) – односно: да го почувствувате релјефот, да ја погледнете банкнотата спроти светлина за да го видите водениот жиг и безбедносната нишка, и да ја накосите за да ги забележите холограмските ефекти.
Што да направите ако имате сомнителна банкнота
Ако мислите дека банкнотата што ја имате е фалсификат, однесете ја во најблиска полициска станица или банка. Таму ќе ја проверат и ќе ја испратат на стручно експертизирање. Доколку се утврди дека банкнотата е вистинска, ќе ви биде вратена, а фалсификатот ќе остане кај надлежните служби.