Почетна Убавина и здравјеКакво време не очекува денеска и наредните денови?!

Какво време не очекува денеска и наредните денови?!

од nenad
1 минути читај за

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Температурите денес ќе бидат во интервалот од 30 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 35, 36 степени.

Особено топло ќе биде од утре па во деновите потоа кога температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќето места тие ќе се искачат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до околу 40, 41 степен.

Апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, и тоа поради многу високиот до екстремно високиот Ув индекс кој ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9, но и поради многу топлото време, и секако да пијат повеќе течности. Според прогностичките материјали со кои сега располагаме, овој топол бран ќе се задржи 6 до 7 дена.