Почетна Убавина и здравјеКаква љубовна комбинација кријат хороскопските знаци Лав и Овен

Каква љубовна комбинација кријат хороскопските знаци Лав и Овен

од nenad
1 минути читај за

Кога овен и лав се во љубовна врска, „летаат искри“. Двата знака се страсни, динамични, со здрав спортски дух и компетитивен карактер. Во оваа љубовна врска има многу акција. Двајцата партнери сакаат да се однесуваат шефовски во врската и можат да настанат конфликти кога нивните еднакво големи егоа ќе застанат на патот. Овенот и лавот меѓусебно искрено се почитуваат и обожаваат, но тие мора да научат да престанат да командуваат и да издаваат наредби, дури и во ситуациите кога треба да изберат филм во дивидитека. Ова партнерство е комплетно базирано на жестока страст, доминација и натпревар помеѓу партнерите кој да биде на врвот и кога.Овен и лав – љубовна комбинацијаДвата знака знаат да бидат нетрпеливи и горди. Лавот сака да биде обожаван, да биде во центарот на вниманието и неговото его да биде негувано, услуги кои овенот, на кој лесно му досадува, може нема да сака да ги прави. На овенот исто така, може да му здодее од флертувачката природа на лавот, но нивната врска во секој случај е многу возбудлива.

Наспроти нивните разлики, овенот најчесто го доживува лавот како негов водич или советник. Лавот е кралот на животните, а овенот може да биде кроткото јагне. Исто како во митот „Лавот и јагнето“, сите разлики помеѓу овие два знака може да бидат надминати.

Продолжува на следната страна

Инспирирано од: lady.mk