Почетна БалканКазни за 352 возачи во Скопје, 108 возеле над дозволеното

Казни за 352 возачи во Скопје, 108 возеле над дозволеното

од nenad
1 минути читај за
t

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 352 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 108 санкции, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени биле и три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.